Дефектот на водоводната мрежа поради што нема водоснабдување во тетовските села Фалише и Сараќино сè уште не е откриен и затоа повеќе деновиве трае состојбата, објаснуваат од работната единица „Водовод“ при Јавното комуналнопретријатие „Тетово“. Од средата навечер нема вода за пиење во овие села, а работниците изминатите два дена не успеале да откријат каде е проблемот, па продолжува детектирањето на дефектот.

Станува збор за многу стар водоснабдителен систем кој од реонот на Калник-Палчиште преку Брвеница се протега до Фалише и Сараќино долг над 12 километри. Проверен беше воздушниот вентил кај Фалише, сменет е истиот, но не е проблем во тоа, водат пак немаше. Пробавме долж трасата да најдеме дефект, да не има пукнатина, да не има извирање некаде. Немаше таква пукнатина. Не е проблемот ниту во пумпата кај бунарот во Калник. Проблемот е на потегот над Брвеница во правец кон пумпната станица кај Калник-Палчиште. Сега тоа ќе се работи ќе се провери тој дел од трасата. Ќе отвориме на едно место каде што имало и дефект. Дал видиме дали стига водата таму, вели Љуљзим Шаќири, раководител на РЕ „Водовод“.

Според Шаќири таа водоводна линија се протега преку обработливи површини и полиња, па голема е веројатноста како во неколку наврати досега дотокот на вода во цевките да е прекинат поради корења внатре во цевководот.

Не е пукната цевка затоа што прави прелив, ни враќа вода назад и значи има или физичко затнување-зачепување поради тиња, камења или корења или воздушен џеб. Второ значи дека некако има влезено воздух и не може да помине водата. Не е метална цевка, туку е салонитна и не може со метал детектор да се открие по трасата, па затоа ноќе не можеме да работиме и да бараме каде е дефектот. Мислевме дека е воздушен вентил кој сметаме дека е расипан, го сменивме, но проблемот не се реши и затоа се продолжува со работа. Може да трае, неколку дена и затоа бараме разбирање од граѓаните, вели Шаќири.

Поради дотраеноста на овој водоснабдителен систем често пати има проблеми, дефекти и прекини во водоснабдувањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.