Вицепремиерот Артан Груби на својот Фејсбук профил објави дека на владина седница е донесена препорака за укинување на обврската за поседување сертификати за вакцинација, ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во државата
На денешната седница ја усвоивме препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација, сертификат за прележан Covid 19, негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.Во врска со оваа одлука ја укинавме и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи, напиша тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.