Се почести се нападите кон ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски откако во медиумите излегуваат информациите од анкетите спроведени од меѓународни истражувачки куќи за се поголемиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Оттаму, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се само мета на напад од страна на владејачката СДСМ и ДУИ за кои излегуваат секојдневни криминали и афери поврзани со милионски бизниси, деновиве наназад се мета на напад и од страна на самопрогласениот опозиционер и претседател на Левица, Димитар Апасиев, кој е во се поголема паника поради фактот дека на следните парламентарни избори без разлика дали би биле предвремени или редовни, апсолутно мнозинство во Собранието би го имала токму ВМРО-ДПМНЕ, па нема да им биде потребна коалиција со други политички партии, стои во анализата на порталот Курир

Апасиев во страв дека таквата влада нема да подлежи под притисок и уцени на ниту еден албански субјект или друга политичка партија од македонскиот блок, почнува отворена кампања против ВМРО-ДПМНЕ и повик за глас за СДСМ и ДУИ.
Од вчерашното гостување во емисијата Аргумент плус на телевизија 24 на Апасиев може да се констатира дека тој не само што не го напаѓа Димитар Ковачевски и СДСМ, туку ја користи истата реторика со нив.

Апасиев изјави дека да не беше Левица во Собранието до сега уставните измени ќе беа донесени, како и ДПМНЕ си пукаше во нога со прифаќање на концептот за широка влада.

Да не беше Левица со двајца пратеници внатре, до сега ќе поминеа и уставните измени. ДПМНЕ си пукаше во нога со прифаќање на концептот за широка влада, рече Апасиев.

Апасиев со двајца пратеници се обидува да се претстави во јавноста дека всушност ги блокира уставните измени и внесувањето на Бугарите во македонското устав. Но, фактите го говорат сосема спротивно.

Политичката партија Левица има само двајца пратеници, додека ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу број на пратеници во парламентот, и од таму логично би било дека 44 пратеници се повеќе од тие 2 на Левица. Но, и самото тоа изговарање на пола од називот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека Апасиев и Ковачевски се во коалиција и се договараат во еден ист центар.

Она што исто така е доста симптоматично, е што Ковачевски и Груби често изјавуваат дека за уставни измени ќе разговараат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но никој од нив не ги спомнал двајцата пратеници на Левица, Апасиев и Борис Крмов, што се создава слика дека тие веќе се согласни за уставните измени, само чекаат да бидат ставени на дневен ред.

Дополнително, во вода паѓа и изјавата на Апасиев дека тезите на Мицкоски се налудничави и дека доколку како што го нарекува ВМРО-ДПМНЕ, ДПМНЕ и Мицкоски добие 61 пратеник ќе ја нема Македонија, бидејќи токму 6 години наназад ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која на секое национално понижување од страна на СДСМ и ДУИ се спротивставила со организирање на протести, спротивставување на лоши законски решенија, и носење на документи за цртање на црвените линии на македонските национални интереси, кои што за жал токму партнерите на Апасиев од СДСМ и ДУИ, не ги почитуваат.

ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија од македонскиот блок која има конзистентен став уште пред потпишување и гласање на францускиот предлог па се до денес, а зад тој став стои токму и лидерот Мицкоски кој децидно отфрли уставни измени под бугарски диктат и со нови дополнителни барања и уцени, ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, ниту да гласа, рече Апасиев.

Не заборавајте, ДПМНЕ со 61 пратеник ги амнестираа хашките случаи; не успеа да спроведе попис… Дадете ли сега 61 пратеник на ДПМНЕ, крстете се, ја нема Македонија. Оттука, нашата теза е дека Левица мора да добие двоцифрен број на пратеници за моќта на уценување од ДУИ конечно да премине во македонска партија којашто ќе ги држи националните интереси како приоритет. Таа партија во моментов е само Левица, изјави тој.

Со ваквите изјави Апасиев отворено повикува да се даде поддршка за владата на СДСМ и ДУИ, и отворено го поддржува работење на Ковачевски и Ахмети, кои што се потонати во се поголем криминал.

Дека Апасиев е во секојдневна комуникација со СДСМ, покажува уште кога Зоран Заев беше премиер и кога на седница за поставување на пратенички прашања му рече на Апасиев да каже дека за време на парламентарните избори бил договорен со СДСМ да му ги обезбедат сите логистички и материјални неопходни ресурси само да им се земаат гласови на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека бил договорен со него дека по изборите нивната соработка ќе продолжи со поддршка на политиките на СДСМ доколку Апасиев освои пратеник во собранието.

Дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите неопходни ресурси за време на последните избори, логистички и материјални само да одземате гласови од ВМРО-ДПМНЕ за да ја спасиме државата од Мицкоски. И притоа да дадете директен одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме да продолжите понатаму да не поддржувате доколку освоите пратеник, го праша Заев на седница во 2020 година Апасиев.

Понатаму, за тесната релација на Апасиев со СДСМ е и потврдата кога токму лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски му понуди на Апасиев обединување се со цел да се сруши Заев уште во 2021 година бидејќи токму Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ и ДУИ на власт, но тој ја одби, изјавувајќи дека не сака обединување, бидејќи политичкото мислење на Левица е да стане власт, што покажува дека повеќе им се важни функциите отколку интересот на граѓаните.

Коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица е се поочигледна и во советите на општините, како и во Советот на Град Скопје и поддршката на скопската градоначалничка Данела Арсовска кои работат на штета и против интересите на граѓаните кочејќи ги проектите за граѓаните.

Понатаму, дека Апасиев се обидува да им се додворува и на ДУИ и да стане миленик на Али Ахмети е и фактот што тој и членови на Левица се поклонија пред споменикот на албанскиот државник Енвер Хоџа, кој бил последниот комунистички диктатор во Европа, бидејќи токму јавноста имаше можност да го гледа снимки од лидерот на ДУИ Ахмети како со страст слуша и потпевнува песни посветени на Енвер Хоџа.

Исто така за потсетување на јавноста, токму Апасиев беше и советник на Специјалното јавно обвинителство кое всушност беше владина институција за гонење и терор на опозицијата, а не независно јавно обвинителство.

Па така, како доаѓа времето за избори полека се исцртуваат контурите на новата изборна коалиции СДСМ, ДУИ и Левица, а тоа го потврдува и Апасиев кој побрза да се залепи за Ковачевски и СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.