Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство.
Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева, на протестот рече дека над 70 проценти од студентите на Медицинскиот факултет активно учат германски јазик, што според неа не е случајно.
Сигурно станува збор за еден план на емиграција бидејќи гледаат една сива и безнадежна иднина во својата држава – изјави Георгиева.
После една недела штрајк, поради отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ во Скопје, тие одлучија генералниот штрајк времено да го стават во мирување.
Во меѓувреме, секој вторник во 11 часот, за време на паузите, ќе продолжат се собираат во паркот на Клиничкиот центар во знак на протест.
Уште еднаш се оградија од било каква поврзаност на штрајкот со политички делувања.
Специјализантите се залагаат за покачување на платите од 26.000 на 44.000 денари и решавање на нивниот статус, со оглед на тоа што работат без здравствено и пензиско осигурување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.