Американскиот Стејт Департмент и амбасадата на САД во Македонија се во дослух и тесна соработка од која треба да произлезе новата „црна листа“ која ќе биде една од алатките со кои САД ќе се борат против корупцијата во државата, пишува ТВ Телма.
Ова го потврдија од Стејт департментот за Гласот на Америка од каде соопштија дека членот 7031(ц) се разгледува како алатка за ставење под контрола корупцијата во Македонија. Инаку овој член предвидува кога тоа е соодветно, ставање на црна листа на функционери на странски влади вклучени во значителна корупција кое повлекува автоматска забарана за влез во САД.
Иако е се позивесно дека црна листа ќе има, засега останува тајна кој и колкумина ќе се најдат на неа и дали ќе има актуелни политичари, пратеници, министри судии и обвинители.
„САД се посветени да ги повикаат на одговорност оние кои се вклучени во значителна корупцја и ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво. Кога државниот секретар ќе добие веродостојни информации дека поранешен или сегашен странски владин функционер бил вклучен, директно или индиректно, во значителна корупцја или грубо кршење на човековите права, секретарот е должен да го назначи или идентификува тој службеник или неговите или нејзините непосредни членови н семејството според членот 7.031 (Ц) или јавно или приватно“, велат од Стејт Департментот.
Домашната јавност во секој случај очекува на листата да се најдат високи политички фигури но експертите смируваат и предувпредуваат дека спекаткуларните очекувања и најави не нзачи дека ќе се остварат.
Американскиот претседател Џо Бајденуште на почетокот на својот мандат донесе извршна наредба согласно која на црна листа ќе се ставаат лицата кои директно или индиректно се одговорни за поткопување на демократските процеси или институции на Западен Балкан, вклучително за корупција и прекршување на човековите права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.