МВР секогаш имало одлична соработка со Обвинителството за гонење организиран криминал.Сè што е потребно има во Обвинителството и тие материјали се доставени, така што не станува збор за никакво криење на документи или било што.Туку сè што е побарано е предадено во Јавното обвинителство – вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Министерот за правда Никола Тупанчевски и порача на обвинителката Русковска да пријави ако трпела пристисоци заради водењето истраги.

Има начин на којшто може да се реагира и треба да се реагира институционално. Ако се врши притисок се знае до кого треба да биде тоа алармирано или до кого да биде поднесена информација – зошто притисок, кој врши притисок, колкав е тој притисо, затоа што одредени форми на притисок претставуваат сегмент од злоупотреба на функцијата – порача Тупанчевски.

Обвинителката до советот на јавни обвинители пред неколку дена достави жалба на суспензијата

Не се суспендира Вилма Русковска туку правото и правдата во државата. Сепак, првата обвинителка во борбата против корупцијата не сака да верува дека политиката и или политичарите и вршат прогон – кажа Русковска .

Супензијата на Русковска утре ќе биде единствена точка на седницата на Советот на јавни обвинители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.