АД Водостопанство на Република Македонија, ја информира јавноста дека вчера е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради кое привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини.

Оттаму велат дека е завршен  увид и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба.

– Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата АД Водостопанство – „Тиквеш“. За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана, додаваат од АД Водостопанство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.