Поради хаварија, петтиот реактор на нуклеарната електрана „Козлодуј“ бил исклучен од енергетскиот систем на Бугарија.

Во соопштението од прес-центарот на електраната се наведува дека реакторот бил исклучен од енергетскиот систем на земјата поради дефект во системот за возбудување на генераторот и активирање на електричната заштита во конвенционалниот, ненуклеарен дел, пренесе bnr.bg.

Како што наведува медиумот, немало промена во состојбата на радијација во близина на електраната.

Од бнр.бг, појснуваат дека единицата елементот што го предизвикал гасењето е заменет, по што е извршена инспекција на блокот и тој е повторно вклучен во електричнаа мрежа на земјата.

Од нуклеарната централа известуваат дека Блокот шест на електраната работи според планираниот распоред за производство на електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.