Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, денес во 12:30 часот ќе извршат увид во изградба на автопат Охрид-Кичево.
За првпат во Македонија се овозможува да се гради и во зимски период, односно градежните компании набавија адитив кој овозможува да се асфалтира и на пониски температури, неодамна информираше Трајановски.
На овој начин се продолжува и градежната сезона. Ако таа досега беше 6 до 8 месеци сега ќе имаме асфалтирање во период од 8 до 10 месеци во годината. Сето ова, пак ќе овозможи забрзување на проектите и зимските услови во наредните месеци нема да бидат пречка да продолжиме со асфалтирањето. Досега зависевме од условите на времето кое на ниски температури налагаше да се прекине со асфалтирање. Оваа зима и во месеците што следуваат ќе продолжиме со асфалтирање и тоа на автопатот Кичево – Охрид каде што има тројца изведувачи, едниот е ‘Гранит’, вториот е ‘Илинден – Струга’, а третиот е самиот ‘Синохидро’, со што ќе овозможиме Кичево – Охрид пред летната сезона догодина да го пуштиме во употреба, ако не во двата правци, тогаш едниот да биде целосно асфалтиран и пуштен во сообраќај, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.