Владините препораки да се штеди наидоа на потсмев кај граѓаните. Тие доаѓаат во време кога државата организира разноазни прослави, годишнини и родендени.

Тенок млаз на вода, штедете, помалку, не знам што се бара од сиромав народ, а државата прославува 200 празници, родендени, годишнини и денови на институции, кои ниту работат, само арчат, а парадите нормално служат за шетање на партиска армија и перчење на функционерите.
Не сте во контакт со времето и реалноста, у некој јужноамерички филм на патриотизам сте, коментира Ивор Мицкоски.

Бојлерот вклучувајте го само по потреба, користете го сонцето колку може повеќе за затоплување на домот, а гралките користете ги разумно. Ова се дел од препораките за штедење на енергија од 15 отсто за домаќинствата. Владата ги објави мерките и препораките за штедење на струја.

Препораките и мерките за штедење на струја ќе важат од 1 септември годинава до 30 март следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.