Премиерот Димитар Ковачевски заедно со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за здравство, Беким Сали, денеска се во Тетово.

Тие на Фејсбук објавија фотографија како јадат ќебапи.

„Дахири ги прави едни од најубавите ќебапчиња во Гостивар, ако не и во земјата. Цели 35 години е сопственик на семејната ќебапчилницата во која и тој и семејството вложуваат многу љубов и работа. Нашите луѓе се добри и работливи, ми беше чест што денес стекнав нов пријател, и што знам каде повторно да дојдам на ручек“, напиша премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.