Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на социјалните мрежи објави фотографија со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Видно расположени, двајцата заедно печеа ќебапи на скара.

Заедно подготвувавме ќебапи. Ви благодариме Шарл Мишел за посетата и за поддршката на европската иднина на Србија!, напиша Вучиќ во описот на фотографијата на Инстаграм.

Да потсетиме, Вучиќ рече дека идејата на Мишел и францускиот претседател Емануел Макрон за геополитичка заедница на европско ниво ја смета за голема и важна работа. По посетата на Белград, Шарл Мишел пристигнува во БиХ.

Во петок, на 20 мај, тој ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.