Ковачевски прави крпена Пазар 3 коалиција за уште 10 месеци да продолжи со криминал, додека ја лепи коалицијата се повеќе партии го напуштаат бродот што тоне, поддршката на Ковачевски за владата се намалува, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Коалицијата на Ковачевски се ситни, бродот што тоне прв го напушти Алтернатива, сега и Демократски сојуз, кој е следен?
Секој ден нова партија ја напушта владината коалиција крпена по принцип на Пазар 3, купување со криминал, корупција и притисоци.
Предлог министрите на Ковачевски од Алијанса се лица кои се доведуваат во поврзаност со криминал и радикализам. Ковачевски прави влада крпена Пазар 3 коалиција, со луѓе вмешани во скандали, и тоа ги одвраќа сите други од таквата коалиција.
Ковачевски избегнува да одговори дали неговиот предлог министер за правда, Кренар Лога, е брат на Крешник Лога, осомничен за убиството на Дилавер Бојку – Леку? Дали братот на кандидатот за министер за правда всушност имал проблеми со правдата?
Се добива впечаток дека предлог за министерска позиција на Ковачевски може да добие само човек чие име се вртело во скандали, таква е и Викторија Аврамовска Мадиќ, која беше вмешана во скандал од 4 милиони евра во град Скопје, додека беше генерален секретар на градот, со фирмата Армор Плус, сопственост на нејзиниот зет за сестра. Аврамовска сега треба да му биде заменичка на Лога.
Заради ваквите кадри довербата во правосудните органи е едноцифрена.
Следен на листата предлог министри е Тирон Јајага, предлог заменик министер за одбрана, кој работел во Брисел, а откако учествувал на протест за Илирида, е вратен во Македонија, по што од власта на СДС е помилуван, а сега чека и функција.
Предлогот за министер за здравство Фатмир Меџити е поврзан со скандали со шверц на лекови, а како претседател на УО на ФЗОМ замешан во многу скандали. Јавноста треба да знае дали кумашинските врски со Арбен Таравари имаа предност за негов избор во ова министерство.
„Најуспешниот“ заменик министер Агим Нухиу откако целосно ги приватизираше и нанижа целосни неуспеси во МВР и министерството за правда, сега на ред дојде и заменик министерското столче во министерството за образование. Каде што патем ќе биде во целосно владение на ДУИ.
Владата на Ковачевски е Пазар 3 крпена коалиција за 10 месеци, за криминал, тендери и богатење на поединци на сметка на народот. Времето проаѓа, а одговорност за се ќе има, со секој поминат ден Ковачевски се повеќе губи поддршка и ќе изгуби катастрофално на следните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.