Се намалува бројот на паралелки во основните и средните училишта во општина Тетово. Оваа учебна година започна со 250 ученици помалку од минатата. Освен што се отпишале од училиште, претежно поради заминување во странство, во клупите седнаа и помалку првачиња во споредба со претходните години.
Во оваа учебна година 2023/2024 имаме 991 ученик што се запишани во прво одделение. Значи имаме 50 ученици помалу од претходната година. За средните училишта имаме запишани 1195 ученици. Ова во споредба со учебната 2021/2022 имаме околу 200 ученици помалку“. изјави за Телма Назми Даути, раководител на Сектор за јавни дејности при Општина Тетово
Бројот на ученици ќе продолжи да се намалува, затоа што процесот на иселување од земјава периодов е многу поинтензивен, посочуваат претставниците од невладиниот сектор кој ја следи состојбата. Надир Реџепи од Иницијативата за социјални промени вели дека заминуваат цели семејства без разлика на етничка припадност или економски статус, а причините за тоа се многубројни.
И економската криза глобално, како и политичката ситуација и корупцијата и многу други неправилности во општеството придонесуваат да се решат да ги напуштат домовите и да си заминат. Македонија до 2050 ќе брои милион и пол луѓе, од она што јас го следам, а до 2100 пак ќе се врати на 1,8 милиони. Тоа се процеси кои не можат да се контролираат, ниту политички, ниту институционално“, изјави Надир Реџепи, Иницијатива за социјални промени
Дополнително, како проблем во тетовските училишта се наметнува и недостатокот на учебници. Недостигаат над 20 000, а голем дел од тие што ги има се оштетени и неупотребливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.