Еден ден откако го запали бугарскиот културен клуб во Битола, популарниот битолски пејач, Ламбе Алабаковски настапил на фестивалот „Фолк Фест Валандово“ интерпретирајќи ја песната “Нема збогум“.

Во Женски магазин, тој на 3 јуни дал изјава за фестивалот. „Народната музика, едноставно е во гените на македонскиот народ. Така што апсолутно не станува збор за премин во фолкери.

Имајќи предвид дека песната е напишана од врвни еминентни и докажани музичари,кон кои имам голема почит, Миле Барбаровски кој ги направи музиката и аранжманот и Ѓорѓи Барбаровски кој го напиша текстот. одлучив дека сега е вистинскиот момент да се направи и сними песната “Нема Збогум“.

Миле Барбаровски ги има напишано сите големи хитови кои и денес се слушаат како “Заветна” на Пепи Бавтировски, ” Дали чекаш стара мајчице “на Гоце Арнаудов и многу други песни.

Дел од нив ги имам испеано на концертни настани и на тв- емисии. Планирам од пред десет години еден проект, но секогаш треба многу љубов и добар план за да се оствари сето тоа. Засега не би откривал повеќе. Што е наше ќе си дојде ,велат постарите“, рекол Ламбе

Денес на Јутјуб се појави снимка од настапот на Ламбе во „Валандово“, и на крајот на настапот тој добил голем аплауз од публиката. Некои медиуми објавија дека тој ги криел рацете, што не е вистина. Напротив, на видеото се гледаат рацете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.