Со унилатералната изјава на Р с. Македонија, всушност, се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од Егејска Македонија, денешна Грција, се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација. Просторно-временскиот континуум на македонскиот јазик значи негово постоење вон просторот на денешната држава Македонија и вон современото време. Никој нема право да се откаже од неговиот историски развој и од улогата што македонските говори ја имале во развојот на словенските јазици. Никој нема право да се откажува од македонските дијалекти во соседните држави. И никој не е овластен да се откаже од македонското малцинство во соседството и во светот, напиша на Фејсбук, академик, Катица Ќулавкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.