Коалицијата „Вреди“ во изборното место 2101 во селото Ларце, Општина Желино, прогласи дека има добиено уште еден пратеник во шестата изборна единица.
Претставникот на коалицијата Башким Хасани изјави дека тие добиле речиси 500 гласови од вкупно 993 граѓани со право на глас.
-Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој што денес и го имаме. Со овој резултат го добиваме во случајот и 14-тиот пратеник. И покрај сите притисоци, на началници на полиција, на инспектори и на моменти кога се нудеа пари за да се гласа. Ние овие случаи од утре сите ќе ги пријавиме и ќе инсистираме на нивна одговорност. Коалицијата „Вреди“ има близу 500 гласови, а Европскиот фронт 48 гласови, изјави Башким Хасани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.