Министерството за образование и наука ја поздравува денешната одлука наСОНК за мирување на штрајкот, која пред сé е во интерес на учениците и континуитетна процесот на образование и со која се обезбедува уставно загарантираното право на образование на децата.

Тргнувајќи од итноста за заштита на јавниот интерес на граѓаните, правото на образование и последиците кои можат да настанат во случај кога овој процес е прекинат, а воедно земајќи ги предвид и барањата на СОНК, Министерството за образование и наука постапи согласно Законот за мирно решавање на работните спорови и во текот на денешниот ден упати барање до Министерството за труд и социјална политика за одредување на помирувач во овој процес.

Со оваа одлука,Министерството за образование и наука ја искажува спремноста за продолжување на процесот на преговори со социјалните партнери и изнаоѓање на најдоброто решение за сите во овој случај.

Министерството, односно Владата, се и ќе бидат партнери на синдикалните организации, преку обезбедување на социјален дијалог со цел унапредување на работничките права на граѓаните на Република Македонија и во тој процес сме отворени за континуирана соработка и размена на мислења и ставови, чија цел ќепридонесе кон подобри работни услови и мотивирани просветни работници, што ќе влијае и на зголемување на квалитетот на образованието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.