Бројот на првачиња во струшките основни училишта опаѓа. Само ова година запишани се 50-тина помалку од лани, покажуваат податоците на Општина Струга.
Според информацијата од општинската прес-служба заклучно со јуни во 12-те основни и 24-те подрачни училишта за учебната 2023/24 година запишани се 496 првачиња или 52 помалку од лани кога биле запишани 548 првачиња.
Бројот на првачиња со почетокот на учебната година може да варира, информира за МИА општинскат прес-служба, посочувајќи дека сите основни и подрачни училишта на територија на општина Струга се подготвени за стартот на учебната година.
Бројот на запишани првачиња континуирано опаѓал и претходните години, па така во 2020/2021 биле запишани 590, додека годината потоа 548 првачиња.
Причините за намалувања на бројката, како што посочија од Општина Струга, се иселувањето, намалениот наталитет и слично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.