Од власта воопшто не се грижат за образовниот процес, затоа што компетенциите кои треба да ги добијат тие ги добиваат во нивните партии, а гледате дека тие партии функционираат како компании, мини здруженија. Видовме дека се полагаа правосудни испити без да биде завршен или нејасно е кога бил завршен факултетот. Потенцијалот за криминал ги надминува комптенциите и на тој начин се одлучува кој каде ќе биде вработен, на која функција ќе седне, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска во Пробиштип на дебатата насловена „Важно е да имаме квалитетно образование“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“

Лефков посочи дека учебниците се штури, недоволно обработени и покажувајќи го учебникот за осмо одделение по физика посочи дека истиот го печати Арбериа дизајн кои за 100.000 евра организираа прослава за Рамковен, па прослава за коридорот 8 кога не се знаеше ни трасата, но во истиот е погрешна дефиницијата за брзина.

– Ние знаеме дека светот се трансформира, треба да се запрашаме како нашите деца ќе фатат чекор со тој свет ако не постои образование? Дали тоа ќе го добиеме преку телевизија? Не. Начинот за да постигнеме стандард и економија на ЕУ е растот на БДП, а единствениот начин да дојдеме до светските културни, научно технолошки текови е да си го унапредиме образованието. Ова што ни го напаѓаат образованието и овие сите неприлики се поради тоа што најлесно е кадрите да ги бираат на партиски начин, а се што е вредно да биде понижено, изјави Лефков.

Лефков нагласи дека власта треба да ја унапредува позицијата на образованието, а не да ја уназадува.

– Го видовте почетокот на учебната година, од 123 учебници за основно образование, една третина недостасуваа, да не зборуваме за средно каде стручните скоро сите се оставени без учебници, рече тој.

Лефков укажа дека секоја година власта со ребаланс на буџет крати пари за образование, а истите пари после можеби завршуваат на коруптивни тендери на власта.

– Погледнете ги ребалансите на буџетот. Во 2017 година има кратење на 155 милиони денари за градба на студентски домови, намалување 15 милиони денари за изградба на училишта, 8 милиони денари за реконструкција и 85 милиони за изградба на спортски сали. Ова значи дека не успеале да ги испроектираат. Во 2019 година 14 милиони евра помалку за образование. Парите кои биле предвидени кон средина на годината за ребалансот се крати од образование. Во 2020 година, 21 милион евра е скратено. Затоа што министерот не бил кадарен. Во ребаланс 2021 помалку пари за изградба на основни и средни училишта и спортски сали. Во 2022 повторно се намали сумата за изградба на спортски сали и студентски домови и во 2023 повторно се скрати. Едноставно е министрите се занимаваат повеќе со политика и бизнис интереси, а се помалку на реални проблеми, изјави Лефков.

Лефков истакна дека среќа се наоѓаме на крајот на едно владеење, конечно ќе ставиме крај на сите овие непогоди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.