Вечерва се одржува протест пред Владата на Република Македонија против фаранцускиот предлог. Пред Владата се собраа илјадници граѓани со знамиња со сонцето од Виргина. Тие порачаа „не за францускиот предлог!“

„Ултиматуми, не благодарам!“, „Се измочавте на гробовите на партизаните“, „Од ропство пишти Македонија, појќе не трпиме бесчесни лаги!“, „Проклет да е тој што предал родина на врагот“, се само дел од транспарентите.

Протестот започна со интонирање на химната која присутните ја пееа во еден глас.

„Скопје1“ направи и дронско видео.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.