Од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информираат дека се гради затворениот базен во градот.

Се почна со интензивна работа на затворениот базен кој е на локација на поранешна ЛаЛуна. Базенот ќе биде со димензии од 25/9 и длабочина од 1.20 метри и истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму појаснуваат дека станува збор за инвестиција финансирана од Агенцијата за млади и спорт, откако претходно општината донесе детален урбанистички план за предметната локација и ги обезбеди сите услови за непречена изведба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.