Истрагата за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот се сели во Клинички центар, објави „Сител“.
Како што објави телевизијата, Здравствениот инспекторат се вклучува во случајот со смртта на хрватскиот ракометар. Во тек е вонреден инспекциски надзор на Итната медицинска помош во Скопје, во Ургентен и во КАРИЛ. Утре инспекцски надзор ќе се прави и во Судска медицина.
Во овој момент треба да се сочека комплетниот обдукционен извештај. Кога тој ќе биде готов ќе биде комплетиран и целиот извештај од вонредниот испекциски надзор и истиот ќе му биде предаден на министерот, вели директорката на ДСЗИ, д-р Ирина Сотировска Бухова за „Сител“.
Ракометарот почина во петокот. Иако првичните извештаи говореа дека најверојатно починал поради срцев удар, обдукцијата покажа дека причината за неговата смрт е повреда на главата и мозокот. Според Судска медицина, тој паднал со задниот дел од главата на асфалтот и загубил свест. Тројцата осомничени наместо да му помогнат продолжиле да го удираат по главата и го оставиле да лежи на тревник пред ноќиот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.