Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска соопшти дека до четврток треба да биде готов извештајот од стручната комисија што тој ја формираше за случајот со починатото новороденче во болницата во Битола.

До четврток законски поминува рокот. Како што сум известен, едната докторката што била инволвирана била на пат, ја чекале неа да се изјасни за настанот. Мислам дека најдоцна до утре или задутре ќе имаме извештај од стручната комисија во врска со родилката и бебето кое, за жал, почина, рече Меџити по презентација на платформата Е-здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.