Додека СДСМ ги заштитува државните и националните интереси, во решавањето на прашањата со Бугарија, не се отстапува од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ се однесува крајно неодговорно и штетно, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека во период важен за евроинтеграцискиот процес на државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поткопуваа државните позиции, поддржаа Резолуција со ставови на Бугарија, ширеа лажни вести и деструкции.

-Од Белата палата ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата.Најмалку што може да направи ВМРО-ДПМНЕ е да им се извини на граѓаните за поткопувањето на државните позиции, а одговорност да бара од Христијан Мицкоски, посочуваат од владејачката партија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.