Христијан Мицкоски го загуби ТВ дуелот со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Се покажа дека Мицкоски нема план за иднината, дека нема промена во ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ испратено до медиумите.
Тие додаваат:
Претседателот Ковачевски доминираше на ТВ дуелот. Аргументирано ја претстави јасната визија и план за европска иднина, за завршување на преговорите и членство во ЕУ со 2030 година, како и клучните столбови на програмата на СДСМ за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, со просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 до крајот на мандатот до 2028 година, за реформи во правосудството и многу други мерки за граѓаните.Затоа е нервозата во ДПМНЕ овие денови со агресивни комуникации и невистини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.