Очигледно е дека СДСМ свесно не прави разлика помеѓу барањата на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ околу предлозите за важност на уставните измени. Предлогот од најголемата опозициска партија е уставните измени да важат со одложено дејство односно тогаш кога Македонците ќе добијат заштитен идентитет и тогаш кога Македонија ќе отпочне со ЕУ.
Додека пак предлогот на владејачката партија СДСМ се уставните измени да се направат пред ЕУ, без гаранции и со тоа се доведуваме до процес на уставни измени под бугарски диктат.
Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ сеуште чекаат одговори и прашуваат зошто СДСМ не се изјаснува за уставни измени со одложено дејство, дали е тоа свесно помагање на Бугарија во намерата за национално обезличување и давање до знаење дека ова не е последната уцена кон патот на ЕУ на Македонија.
„Суштината на првиот предлог е одложената примена на уставните измени со влез на државата во ЕУ. Со тоа Бугарија од потенцијален кочничар, станува активно заинтересирана страна што побргу Македонија да влезе во Унијата. И наместо нови блокади, имаме поголема помош“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ треба да објасни зошто се против заштитени национални интереси и интеграција преку уставни измени со одложено дејство, бидејќи и двата предлози кои ги дал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски значат зачувување на идентитетот и брза интеграција во Европска Унија.
„Суштината на вториот предлог се гаранциите кои треба да се бараат од европските институции за Македонскиот многувековен идентитет, јазик и историја, барање средства за Македонската економија и граѓани и барање Бугарија да реализира 3 пресуди за правата на Македонците таму“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Сето ова говори дека немањето на сеуште конкретен одговор од страна на СДСМ во јавноста можеме да заклучиме дека се дава до знаење дека тие не прават разлика помеѓу реализирање на уставни измени под бугарски диктат и уставни измени со одложено дејство со кои Македонците добиваат заштитен идентитет и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.