Од први јануари 2023 година согласно новата методологија на Регулаторната комисија за енергетика цената на електричната енергија ќе се намали за домаќинствата и за малите компании.
Цената на струјата за домаќинствата во првиот блок од 1-ви јануари ќе се намали за 4,11 отсто, а за вториот блок за 2,95 отсто.
Тоа значи дека 99,2 отсто од домаќинствата, од следниот месец ќе добиваат пониски сметки за струја.
Сериозно намалување на сметките за електрична енергија ќе има и за над 70.000 мали компании со што значително ќе им се помогне на семејните бизниси.
Со ова паѓаат во вода лагите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека од први јануари ќе има сериозно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.