Силна поддршка за продолжување на европскиот пат на државата и пристапните преговори упатија од Скопје највисоките претставници на меѓународната заедница, американскиот државен секретар Антони Блинкен и претседателот на Европската комисија Жосеп Борел, велат во денешното соопштение од СДСМ, од каде додаваат дека „евроинтеграцијата е процес кој е почнат и нема да застане се до полноправното членство на Cеверна Македонија во ЕУ“.
Нашите граѓани заслужуваат подобра, побогата иднина, подобар животен стандард, заслужуваат идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Македонија. Американскиот државен секретар Антони Блинкен порача дека Cеверна Македонија е силен сојузник и партнер на САД и на сите сојузници во Алијансата и ја повтори силната поддршка за евроатлантската интеграција.
Претседателот на Европската комисија Жосеп Борел порача дека местото на Cеверна Македонија е во ЕУ, а одењето по европскиот пат треба да биде пред и над меѓупартиските превирања и повика на завршување на процесот на усвојување на уставните измени за продолжување на европскиот пат, и напредок за клучните реформи, бидејќи тоа не е нешто што носи корист за една политичка партија, туку за целиот народ.
Покрај билатералните посети Блинкен и Борел, учествуваат на 30-тиот Самит на на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ.
Скопје денеска и утре е домаќин на најголемиот политички и дипломатски настан што се одржал од осамостојувањето, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 76 делегации од 57 држави, во организација на владата предводена од СДСМ.
Со СДСМ Македонија добива светско признание, велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.