Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието, велат од СДСМ.

Вечерва јавноста виде очаен обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени, велат од СДСМ.

Масовните протести кои веќе неколку дена се одвиваат пред зградата на владата немаат организатор. Граѓаните и денеска гласно кажаа не за продажбата на Македонија и за отфрлањето на бугаризацијата маскирана во „европски предлог“.

СДСМ никогаш не го осуди насилството, палењето и уништувањето за време на „Шарената револуција“, за време на која и нивните тогашни лидери Зоран Заев и Радмила Шекеринска фрлаа со јајца и боја врз Министерството за правда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.