СДСМ вчера излеле со едно соопштение во кое се обиде вината за бегството на поранешниот припадник на УЧК Блерим Рамадани да ја префрли на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
За партијата чијшто министер им додели пасоши на сите балкански и белостветски криминалци, Тошковски бил виновен што избегал поранешниот припадник на терористичката ОВК за чии пак домашен притвор одлучува Кривичниот суд и еден познат лик од коалицијата СДСМ-ДУИ.
Судијата кој одлучи Рамадани наместо во екстрадициски притвор да оди кај роднини се вика Пајазит Пајазити.
Кој е Пајазит Пајазити
Пајазит Пајазити е судијата на претходна постапка кој не одреди притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири.Во врса со Рамадани, Пајазити решава да му го укине притворот на први август. Го испраќа во куќен притвор кај роднина во Чаир. Рамадани е спроведен од полицијата. Ова решение, Пајазити го носи без разлика на фактот што околноста поради која му е одреден притвор е непроменета – а тоа е дека се бара по потерница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.