Со усвојувањето на новата методологија се обезбедува континуран раст на пензиите во просек по 900 денари, за достоинствен живот на пензинерите, велат од СДСМ.

Просечно 900 денари на сметка е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Cеверна Македонија. Дополнително, обезбедуваме и 3.000 денари за финансиска помош за пензионерите. Во наредните три месеци (април, мај и јуни) над 330.000 пензионери, во овој период на криза, ќе добиваат по 1.000 денари месечно. Оваа финансиска помош од дополнителни 3.000 денари е од исклучителна важност за пензионерите во време на проширена енергетска криза. СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и го штити стандардот на граѓаните, се вели во соопштението од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.