Со ратификувањето на законите од Иницијативата Отворен Балкан, отсега, граѓаните на Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци, велат од владеачката СДСМ во денешното најново партиско соопштение.

Тоа ќе значи унапредување на заедничкиот пазар и зголемување на мобилноста на работната сила во регионот. За овие закони исто како и за многу други закони важни за државата и граѓаните, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа. Наместо на своите работни места, наместо во салата, пратенциите од ВМРО-ДПМНЕ беа надвор од неа, целосно игнорирајќи ја потребата на граѓаните за носење на овие важни закони. СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување, продолжува да кочи и блокира сѐ што е важно за државата“, велат од СДСМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.