На Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за за мораториум. ДПМНЕ и Мицкоски зборуваат за единство, за мораториуми, но се повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ – стои во соопштението на СДСМ на овој, трет ден, од предизборната кампања.

Понатаму велат:

Како што го блокираше изминативе две години, Мицкоски е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски.

Членството во ЕУ е вистинскиот пат за промени, за државата да напредува и тоа е одлуката што граѓаните треба да ја донесат на овие избори.

Едната опција се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево Пендаровски, кои нема да се откажат од европската иднина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.