Владејачкиот СДСМ продолжува да манипулира со содржината од вчерашната лидерска средба меѓу  премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната прес-конференција во седиштето на СДСМ, партиската портпаролка Богданка Кузеска меѓу другото изјави:

-Од друга страна прифатено е барањето измените на Уставот да важат одложено, односно од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција.

Ова беше само предлог на премиерот Ковачевски, а не барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа, очигледно не е доволно тој да се прикаже како прифатен и од најголемата опозициска партија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше дециден дека евентуално усвоените уставни измени да важат „од денот кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол во рамките на ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“, што е дијаметрално спротивно од тоа што го предложи Ковачевски, а сега СДСМ сака да го претстави како прифатено и од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.