Портпаролката ан СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека е почната постапката за избор на кандидат за претседател на државата од редовите на СДСМ, како и утврдувањето на кандидати за пратеници во македонското Собраниеа.
Кузеска посочи дека во тек е евидентирањето кандидати за пратеници во рамки на месните одбори во општинските организации на СДСМ, и додаде дека потоа постапката продолжува на ниво на локалните раководства, Извршниот одбор, Централниот одбор на СДСМ и Конгресот.
Таа истакна дека СДСМ отвора јавен повик за самокандидирање на кандидати за пратеници, и како што рече, партијата отвора можност за луѓе кои не се дел од СДСМ, но ги делат социјалдемократските вредности.
Кузеска вели дека на тој начин, во една демократска и транспарентна постапка СДСМ ги избира најдобрите кандидати за пратеници во шесте изборни единици.
Сите кандидати на СДСМ мора да ги исполнуваат највисоките критериуми, да уживаат висок углед и кредибилитет меѓу граѓаните, да ја има поддршката од сите етнички заедници. Мора да се обврзат на неуморна работа за граѓаните и европската иднина на државата и да го почитуваат Етичкиот кодекс на СДСМ. Пратениците се избраници на народот, претставници на граѓаните, но и чувари на демократијата, изјави Кузеска.
На изјавите на Кузеска со реакција се огласија од ВМРО-ДПМНЕ, опд каде порачуваат дека СДСМ се власт уште 4 месеци, а потоа одат во долга опозиција.
Седум години СДС не покажаа ништо друго освен криминал, корупција и проблеми за граѓаните.
Додека останатите држави од регионот имаат 50% раст на БДП по глава на жител, во Македонија со СДС растот е само 20%.
7 години институциите им служат само како алатка за делење на тендери и полнење со партиски кадри.
7 години Македонија тоне на полето на владеење на правото. Судството бележи доверба од само 2%, затоа што е по јаремот на власта.
Образованието е девастирано, нема септември изминативе години, а да имало учебници за учениците. Книги се чекаа и до јануари.
Здравството е на колена нема основни терапии, а лицата со ретки болести се целосно запоставени.
СДС е уште само 4 месеци власт, зошто никогаш не било полошо, и затоа важно е да ги поразиме, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.