Владата предводена од СДСМ со започнување на силна градежна офанзива на Коридот 8 носи нов економски и развоен импулс за државата, придобивки за граѓаните и стопанството, велат од партијата, додавајќи дека изградбата на Коридорот 8 значи „помали трошоци за превоз, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Cеверна Македонија, како и економски и регионален развој на државата“.
Изградбата на модерни, современи автопати на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан, обезбедува подобро и побезбедно поврзувaње за граѓаните, подобри услови за стопанството, значителен поттик за трговијата и раст на инвестициите.
Коридорот 8 е дел од најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор, за изградба на четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри, во вредност од 1,3 милијарди евра.
СДСМ ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата, во проекти кои обезбедуваат економски раст на државата и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани, велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.