СДС и ДУИ пред заминување ги покачија цените на катастарските услуги и за 300%, народот со право вели дека немаме држава, треба да ја вратиме.Од 15-ти февруари на сила е новиот тарифник и за геодетски и за катастарски услуги. За упис на новокупен стан во Катастар за имотен лист цената од 1.250 денари е зголемена на најмалку 3.750 денари, тоа е поскапување за 300%., обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Уште поскандалозна е цената за предбележување на имотен лист во фаза на градба, за што ќе се плаќа по 5.250 денари по имотен лист.

Цените за останатиот дел на катастарски услуги се зголемени од 50 до 90 проценти, т.е. скоро двојно е зголемувањето.

Зголемени се цените на геодетските услуги – елеборати, проекти, мерење на невдижен имот, делби, власта буквално удира по џебот на народот.

Зголемувањето на катастарскитр услуги и за 300% нема оправдување во ниту еден изговор на власта, единствена причина зошто се покачува е заради криминалот кој го направија и буџетот кој го испразнија 6 ипол години.
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.