СДС уште еднаш ја докажаа својата неспособност. Помпезното пречекување на обрасци на граница од страна на Бојмацалиев, само уште еднаш ги потсети граѓаните на катастрофалното менаџирање со вакцините. Како и за вакцините тогаш, така и со пасошите сега, поради неспособноста на СДС граѓаните патат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо со фанфари да пречекуваат обрасци, Бојмацалиев како шеф на кабинет на Спасовски треба да се извини на граѓаните за тоа што ги оставија без пасоши, за тоа што немаа никаков план како да ја водат целата операција, за тоа што со анекси намалувале нарачки од 400.000 на неколку десетина илјади.
Да потсетиме дека кон крајот на 2023 година, Спасовски и Бојмацалиев ги убедуваа граѓаните дека ќе може да си извадат лични и патни документи навремено согласно рокот кој тие како власт го наметнаа 14 февруари 2024.
Во тој момент кога ги давале овие изјави знаеле дека има над 100 илјади фотографирани луѓе со обработени податоци, ама нема обрасци за печатење на документи, нешто кое тие го предизвикале. Граѓани фотографирани во ноември не можеле со месеци да добијат исправа, ни во редовна, ни во експресна постапка, што е целосно спротивно на роковите за издавање.
Со тоа тие ги ставија над 600 илјади граѓани на Македонија во „државен притвор“.
Сега има едно решение, кое СДСМ ако има доблест треба да го направи. Да гласа за измена на законот со цел продолжување важноста на пасошите и со тоа да се ублажи проблемот кои самите го предизвикаа.
Граѓаните знаат дека како сега со ДУИ и СДС на власт, никогаш не било полошо. Затоа важно е да ги поразиме, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.