Пратениците од владејачкото мнозинство денеска во Собранието гласаа против обештетување на загинатите бранители. Поради ова, Драган Ковачки oд ВМРО-ДПМНЕ излзезе со остар коментар, но и ветување дека кога ќе дојдат на власт ќе најдат начин да ги обештетат.
Слугите на ДУИ од СДС уште еднаш покажаа дека се анти-македонска партија.
Да гласаш против обештетување на семејствата на загинатите бранители е чин на непочитување на жртвите и чин на непочитување кон државата која ги пратила тие луѓе да загинат за неа.
Како може Македонец да гласа против своите?
Пратениците на СДС ги срамат граѓаните кои гласале за нив.
Голем грев беше направен денеска.Еве го списокот на сите кои гласаа ПРОТИВ исправање на неправдата која им е нанесена од страна на системот.
После смената на власта, ќе најдеме начин како да ги обештетиме семејствата кои ги изгубија синовите и лицата кои имаат инвалидитет и кои по судските лавиринти го изгубија здравјето, а некои и животите-напиша Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.