СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ преточен во законско решение во вторник ќе биде на дневен ред во собрание. Законското решение предвидува намалување на акцизата за горивата за 50%, што ќе биде реално намалување на вкупната цена на горивата.

Цената на горивата со СДСМ во последните година и пол е зголемена и за над 100%. Во април 2020 година литар дизел се продавал по цена од 46 денари, додека сега се продава по цена од 97 денари. Иста е ситуацијата и со бензинот, во април 2020 година литар се продавал по цена од 48 денари, за сега да се продава по цена од 93 денари.

Последната година и пол цените на горивата поскапеа како никогаш до сега. И сето тоа е во голема мерка и поради зголемената акциза.

Владата е виновна за високата акциза, зошто веќе 5 години ја зголемуваат, што донесе до огромни загуби кај превозниците, транспортерите, земјоделците и граѓаните во целост.

Владата да се ослободи од дневниот популизам, и да прифати мерка која е од корист за граѓаните.

СДСМ и ДУИ 5 години ги ограбуваат граѓаните преку големата акциза, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.