Владата предводена од СДСМ презема мерки за помош и поддршка на домашното земјоделство во време на најголема глобална криза, кога и цената и побарувачката на важни земјоделски производи е на високи ниво, велат од партијата.
За таа цел ја воведовме Програмата за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари, средства кои во голем дел ќе бидат наменети за поддршка на сточарството и за растителното производство.
Годинава е направено усогласување на износот за реализација на мерката „зелена нафта“, кој е зголемен за 13%.
Она што е особено важно е што овој Интервентен фонд го прошируваме со нови мерки за поддршка на земјоделците.
Обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед и пченка.
Минатата недела, исплатени се над 450 милиони денари субвенции за полјоделски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка.
СДСМ како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки кои обезбедуваат квалитетно домашно земјоделско производство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.