Заради политичка агенда на раководството на СОНК децата, учениците се надвор од училишните клупи, надвор од образовниот процес кој толку им е потребен, велат од СДСМ.
Раководството на СОНК одби ново предложено зголемување на платите во образованието и детската заштита за 12 отсто, и тоа во време на најголема светска енергетска криза.
Според партијата на власт, уцените и политичкото делување на раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес.
Учениците мора да се вратат на настава. Правото на децата за образование е уставно загарантирано и не смее да се дозволи некој заради политичка агенда да им го загрозува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.