Со 68 гласа собранието му даде амин на францускиот предлог. Сите присутни пратеници во собраниската сала, во моментот кога информацијата за францускиот предлог беше ставена на гласање, а откако се исцрпи листата на дискутанти, гласаа ЗА. Претходно, салата ја напуштија пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како и пратениците од Левица.Претходно не беше прифатено барањето на пратеничката Дафина Стојаноска за еден час пауза по завршувањето на расправата по француската предлог преговарачка рамка.
Расправата во Собранието и денеска се одвиваше во тензична атмосфера со размена на обвинувања за предавство на националните интереси и бугаризација на државата.
Исходот од гласањето беше проследен со аплауз од пратениците од СДСМ и од партиите на Албанците. Тие извадија македонско и европско знаме во салата.
Со тоа, Собранието на Македонија ги прифати предлог-заклучоците поднесени од пратениците Јован Митрески од СДСМ и Арбер Адеми од ДУИ.
Претседателот на Собранието Џафери потоа рече дека за во 14 часот го закажува продолжението на седницата за ребалансот на буџетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.