Изборот пред граѓаните на овие претседателски избори е помеѓу два сосема различни концепти, надеж за европска иднина со СДСМ и Пендаровски и безнадежност и враќање во минатото со ДПМНЕ и Силјановска, велат во денешното соопштение од СДСМ.

Според нив, „Пендаровски се докажа како прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата, кој силно го поддржува членството во ЕУ и НАТО“.

Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува. На граѓаните им е доста од делби и поделби. Сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард. ДПМНЕ и Силјановска на граѓаните им нудат враќање назад во мрачното минато, во неизвесност, нови залудно загубени години, нејасна иднина. СДСМ има визија и план како да ја внесе Македонија во Европската унија, со решителност, волја, храброст и знаење да ја обезбеди европската иднина на државата, за сите сегашни и идни генерации. Време е за државнички одлуки за иднината на сите граѓани. Глас за Стево Пендаровски е глас за сигурна европска иднина, подобра иднина за сите, се вели во соопштението од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.