Владејачката СДСМ денеска преку соопштение ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат за иднината на државата. Од партијата нагласуваат дека изборот е во рацете на граѓаните, дали ќе следи „уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина“.

Од СДСМ додаваат дека нудат концепт за европска иднина, за европски стандарди и вредности, концепт за држава во која децата ќе сакаат да останат.

„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата. Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство. Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години“, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.