Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“ посочи дека СДСМ како Шарена револуција ги бојадисуваа спомениците за македонските дејци, а советниците од СДСМ во Советот на Струга гласаа за незнаен косовски јунак.
Изграден е тој спомен и советниците на СДС во Советот од Струга гласале за тоа. Замислете ги бојадисуваа како шарена револуција спомениците за македонските дејци, но затоа во Советот на општина Струга гласаа за незнаен косовски јунак кој што има споменик во Струга, рече Мицкоски.
Во врска со овој споменик во Струга, Мицкоски посочи дека станува збор за дивоградба.
-Тоа е дивоградба, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.