Уште една анкета ја потврдува реалноста, дека оваа влада на Ковачевски е целосно делегитимирана, а СДС, не само метафорички, туку и фактички се претвора во помал коалициски партнер во власта. СДС стана трета партија по рејтинг со тенденции да падне на четврто место, со над два и пол пати помал рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Ковачевски може да стават крај на оваа нивна агонија и агонијата во која ја држат Македонија. Нека излезат на избори час поскоро и на тој начин да си олеснат. Резултатот сега веројатно ќе им биде подобар, отколку да го одложуваат неминовното соочување со народот. Но пред се, брзите избори ќе бидат во корист на Македонија, која ќе се куртули од оваа неспособна а крајно криминализирана и корумпирана влада-напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа реакција доаѓа по последната анкета на „Маркет вижн“ каде ВМРО-ДПМНЕ има речиси три пати поголем рејтинг од СДСМ, а Христијан Мицкоски е политичар со најголема доверба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.