„Верувам дека сите се почувствуваа непријатно по настаните и изјавите кои ги даваше Џамбаски со неговата група при одбележувањето на Мара Бунева. Во таа насока логична е реакцијата на претседателот Стево Пендаровски и тоа што го презентираше на Советот за безбедност“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека СДСМ генерално е на иста линија со тоа што го кажа претседателот Пендаровски, дека треба да се забрани влез за европратеникот во земјава.
„Ќе видиме како тоа ќе резултира, конечната одлука треба да ја донесе Владата“ рече Богоев.
Претседателот Пендаровски по седницата на Советот за безбедност ѝ предложи на Владата да им забрани влез во земјава на еден европратеник, кого не го именуваше и на уште неколку бугарски државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.