СДСМ е декласирана, избори побргу, народот се одлучи, премногу е, време е за промени. Премногу е затоа што за една година цените на прехранбените производи се зголемија за 100%, на горивата за 70%, на струјата за 30%. Премногу е затоа што тоа што лани народот можел да го испазарува со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари. Премногу е затоа што институциите се заробени од власта и народот не може да ги добие услугите кои со закон го следуваат заради корумпираноста на функционерите – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека премногу е затоа што нема пари за поголеми плати, а има 1.4 милиони евра за Зоран Заев.

Премногу е затоа што народ плаќа скапа струја, затоа што СДСМ и ДУИ крадеа во РЕК и ЕЛЕМ. Премногу е затоа што се краде оружје од полициска станица, а никој не одговара за тоа. Премногу е затоа што додека народот гладува, Ковачевски јаде од златни тањири со златни лажици и виљушки. Премногу е затоа што се обидоа да сокријат две убиства, за кои јавноста дозна, а прашање е дали има други кои успеале да ги сокријат. Премногу е затоа што народот го лажат 5 година дека има датум, а 5 година чекаме во чекалната за ЕУ. Премногу е затоа што излажаа дека се затворени сите отворени прашања со соседите, за сега да распродаваат идентитет, јазик и историја. Премногу е затоа што народот не гледа друг излез, освен промени веднаш. Предвремени парламентарни избори час поскоро – велат од опозиционата партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.